понеделник, 22 декември 2025

Непријатен пораз за Наполи во борбата за Скудетото (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пораз на Наполи на кој се израдуваа Милан и Интер, Наполитанците немаат право на кикс, но го направија тоа, загубија на свој терен од Фиорентина.
 
Фиорентина поведе со гол на Гонзалес во 29. минута, Мертенс во 58. минута изедначи на 1-1 и се изгледаше дека Наполи се враќа, но следуваше шок.
 
Иконе во 66. минута го врати водството на Фиорентина, а шест минути подоцна Кабрал зголеми и на 3-1.
 
Во 84. минута Осимен намали на 3-2, но до крајот на мечот Наполи не постигна уште некој гол за да избегне пораз.
 
Елмас во игра влезе во 80. минута од натпреварот.
 
Сасуоло со 2-1 ја победи Аталанта, со истиот резултат Удинезе славеше на гостувањето кај Венеција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ