Во 2020 година, Баерн беше погоден од расистички скандал во младинските категории и најмалку еден тренер беше избркан од клубот.
Медиумите сега пишуваат за нов инцидент по кој економ, кој десет години бил дел од Баерн, останал без работа.
Како што пренесува Билд, економот се шетал со својата ќерка во тренинг центарот, и кога покрај нив поминале Серж Гнабри и Ерик Максим Чупо Мотинг, тој и се обратил на ќерката: „Немој дома да си ми донела некој како овие двајца!“.
Неколку вработени ги слушнале ваквите коментари и го известиле бордот на директори. Клубот ги класифицирал зборовите како расистички, па веднаш му врачиле отказ на економот.






