понеделник, 22 декември 2025

Навивачите на Нигерија претепале доктор на ФИФА до смрт?!

Објавено на

часот

Сподели

Нигерија и Гана синоќа ги одмерија силите во Абуџа во реваншот од плеј-офот за настап на Светското првенство, гостите се изборија за реми од 1-1 и билет за мундијалот во Катар.

Домашните навивачи тешко го прифатија резултатот па по последниот свиреж влетаа на теренот и кршеа што ќе дофатат.

Сега пристигнуваат и информации за прва жртва, се работи за докторот Џозеф Кабунго, кој били присутен на мечот како офицер за допинг.

Фудбалската федерација на Замбија ги потврди трагичните вести, но не објави која е причината за смрта на докторот.

Одредени шпекулации велат дека тој бил претепан од домашните навивачи, додека пак другатата страна на приказната е дека тој не се чувствувал добро цел ден, му се слошило и паднал пред соблекувалната на Гана кога требало да бидат направени допинг тестовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ