Британската влада одлучи да го санкционира Роман Абрамович со тоа што ќе му го замрзне имотот. Челси нема да може да продава билети, продукти… клубот ќе продолжи да работи со специјална дозвола, но со многу ограничувања.
Но, санкциите ја надминаа секоја логика кога се дозна дека навивачите на Челси не можат да одат на гостувањето кај Мидлсброу. Билетите се повлечени.
Се работи за англиски навивачи кои поддржуваат англиски клуб, одат на гостување кај Мидслброу кој ќе го добие профитот од продадените билети за нив. Тоа значи дека овие санкции немаат никаква допирна точка ниту со Челси, ниту со Русија, ниту со рускиот народ.






