петок, 19 декември 2025

Наследничката на Рајола утре пристигнува во Торино, ова е понудата на Јувентус за Погба

Објавено на

часот

Сподели

По смртта на Мино Рајола, Рафаела Пимента е таа која ќе биде задолжена за најголемиот дел од преговорите за клиентите кои ги имаше агентот и според пишувањата на медиумите од Италија, таа во понеделник ќе пристигне во Торино.

Медиумите шпекулираат дека ќе се опипува терен за можноста Пол Погба одново да го облече дресот на „бјанконерите“.

Французинот нема да продолжи со Манчестер јунајтед и е во потрага на нов клуб. Како што пренесува Газета дело Спорт, Јувентус на маса ќе стави годишна плата од 7,5 милиони евра, која со бонуси ќе стигне до 10+ милиони евра.

Раководството на Јувентус знае дека финансиски не може да се натпреварува со другите гиганти кои се по потписот на Пол Погба, особено со ПСЖ, но се надева дека на картата „сентименталност“ имаат добра шанса за големо засилување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ