среда, 24 декември 2025

Наполи со гол во 94. минута го победи Лацио во Рим (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Елмас не беше стартер, во игра влезе во 57. минута и брзо потоа почнаа сите возбудувања во мечот.
 
Во 62. минута по едно додавање од Елмас, Инсиње постигна гол за водство на Наполи од 1-0.
 
 
Седум минути подоцна Инсиње даде уште еден гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.
 
Во 88. минута Педро постигна прекрасен гол од далечина за израмнување на 1-1. Во тој момент се чинеше дека Наполи ја пропушти победата.
 
 
Но во 94. минута во акција во која значаен дел имаше и Елмас, Руиз со шут од далеку постигна гол за победа на Наполи од 2-1.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ