среда, 17 декември 2025

Најозборуваниот играч му го донесе на ПСЖ и трофејот од Интернационалниот Куп (ВИДЕО)

ПСЖ на пенали ја доби пресметката против Фламенго на Интернационалниот Куп, херој на „светците“ беше голманот Сафонов одбрани дури четири пенали во пенал серијата.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ ја заврши годината со трофеј, избраниците на Луис Енрике вечерва триумфираа на Интернационалниот Куп, натпреварувањето на ФИФА на кое настапуваат шампионите на сите континенти.

Вечерва во финалето во Катар, „светците“ го совладаа Фламенго по изведување на пенали.

Кварацхелија го отвори резултатот во 38. минута по една грешка на голманот Роси, но Жоржињо од пенал во 62. минута изедначи на 1-1.

Мрежите мируваа до крајот на натпреварот, како и во додатните 30 минути, па пенал серијата го донесе победникот.

А таму херој беше голманот Сафонов, еден од најозборуваните играчи на ПСЖ, Русинот често е фокусот поради војната во Украина и односите со неговиот соиграч Забарњи.

Тој успеа да одбрани дури четири пенали на Фламенго, и практично сам да му го донесе трофејот на ПСЖ.

ФОТО: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ