вторник, 23 декември 2025

На меѓународниот ден на жената, ФФМ ја претстави првата стратегија за женски фудбал

Објавено на

часот

Сподели

На официјалната промоција на стратегијата на ФФМ, специјални гости беа амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Кејт Брнс. 
 
Целта на ФФМ со новата програма е да го направат женскиот фудбал спортски избор број еден во Македонија за жените и девојките.
 
„Водејќи се од максимата „Еднакви можнсти за сите“  ја создадовме првата македонска стратегија за женски фудбал: Повеќе жени – повеќе голови! Преку инспиративна промоција се обидуваме да ја направиме играта привлечна и достапна со намера да ги надминеме сите културни или практични бариери кои може да постојат. Сакаме секоја девојка која сонува да игра за нашата репрезентација да се чувствува уверена дека нејзиниот талент ќе биде забележан и дека ќе бидат достапни потребните тренерски можности за поддршка на нејзиниот развој“, вели потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев.
 
„Женскиот фудбал е многу повеќе од елитна изведба. Со зголемување на нивоата на партиципација, можеме да придонесеме и за многу општествени прашања. Подобрување на на физичка подготвеност, зголемување на самодоверба, создавање нови можности за вработување или надминување на заблудата поврзана со учеството на жените во спортот. Заедно со моите колеги сме посветени да ја одиграме нашата целосна улога во развојот на женската игра и да дадеме придонес да бидеме многу повеќе од гледачи на женскиот фудбал. Затоа што колку повеќе ги славиме жените во спортот и во фудбалот, толку повеќе ќе имаме што да прославуваме“.
 
Свое обраќање имаше и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
 
„Оваа стратегија е комплето посветена на позитивна акција. Таа веќе е во функција од минатата година. Работејќи преку петте стратешки столбови, имаме намера да изградиме и зајакнеме долгорочна и одржлива национална структура за женски фудбал. Сепак, ова нема да се случи само и единствено со нашите напори. За целосно да го исполниме нашиот потенцијал, ќе треба да продолжиме да соработуваме со многу различни партнери, вклучувајќи ги нашите клубови, нашите училишта, локалните власти, медиумите и комерцијалните партнери. Сите ние имаме важна улога во развојот на женскиот фудбал како женски спорт број еден во Македонија и се надеваме дека оваа стратегија ќе помогне да се инспирира континуирана поддршка и вклученост“, рече Поповски.
 
„Ќе создадеме поголема пристапност до нашата фудбалска инфраструктура и преку тоа ќе се обидеме да ги надминеме бариерите кои историски го спречуваа ангажманот на жените. На ниво на федерација ќе се погрижиме жените да имаат еднакви можности за пристап до нашата управувачка структура и до клучните улоги во нашиот тим. Ние како ФФМ не веруваме дека само еден ден во годината треба да е посветен на жените. Со оваа стратегија сакаме да допринесеме и да го славиме женскиот фудбал и улогата на жените во спортот секој ден во годините кои следат“.
 
Видео обраќање имаше и селекторот на САД, македонскиот фудбалски стручњак, Влатко Андоновски.
 
„Моја поддршка за овој фантастичен проект со кој ќе го забрза растот на женскиот фудбал. За остварување ќе треба посветеност од сите, сите ќе имаат своја улога. Со план како овој мислам дека ни претстои светла иднина, ништо не може да се смени преку ноќ, ама можеме многу да направиме. Кога жените се успешни, сите ние сме успешни“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ