Реал Мадрид се чини дека премногу лабаво го сфати овој дуел, како да не веруваше дека може да му се случи тоа што се случи. Тимот на Анчелот речиси и ја има обезбедено титулата во Ла Лига, па можеби и тоа влијаеше на таквиот пристап.
За Барселона бодовите беа поважни, момците на Чави гореа од желба да се докажат и тоа го направија на најдобар можен начин. Одиграа фантастичен меч и му удрија вистински шамар на ривалот.
Карло Анчелоти за овој дуел не можеше да смета на Бензема, но тоа не смее да биде оправдување за тоа што се случуваше на теренот.
Резултатот го отвори Обамејанг кој во 29. минута постигна гол по еден фантастичен продор и асистенција на Дембеле.
Само девет минути подоцна Дембеле повторно асистираше, овојпат до Араухо кој погоди со глава за предност на Барса од 2-0. Тоа беше и резултатот од првиот дел.
По само две минути игра во второто полувреме, Обамејанг асистира до Феран Торес кој даде гол за 3-0.
А во 53. минута играчот кој ја отвори серијата погодоци, тој и ја затвори, Обамејанг даде гол за конечна победа на Барселона од 4-0.
Импресивната Барселона му одржа лекција на Реал Мадрид и го потсети лидерот во Примера дека сезоната не е завршена.






