недела, 21 декември 2025

На Хари Реднап ќе му се крене коса кога ќе слушне колкави бонуси за голови добива Роналдо

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед синоќа го совлада Норич со 3-2, Кристијано Роналдо одново беше херојот на „ѓаволите“ и со хет-трик донесе победа и три бода.

По крајот на натпреварот, медиумите од Англија објавија детали за дел од бонусите кои ги договорил Кристијано Роналдо по враќањето на Олд Трафорд.

За постигнати 20 погодоци во сезона, на ЦР7 му следуваат 750.000 фунти, а за секој нареден гол над оваа граница, по 100.000 фунти. Со трите гола кои ги постигна синоќа, Португалецот стигна до бројката од 21 погодок, па мечот со Норич му носи бонус вкупен бонус од 850.000 фунти (750.000 за тоа што постигнал 20 погодока, и плус 100.000 фунти за еден гол над границата).

Медиумите исто така пишуваат дека тој ќе добие бонус од 1 милион фунти доколку заврши како најдобар стрелец (практично го има осигурано овој бонус), па доколку се направи проста пресметка и Кристијано Роналдо сезоната ја заврши со 30 погодока на своето име, само од бонуси за голови ќе добие 2,75 милиони фунти.

На Хари Реднап ќе му се крене кога кога ќе ја слушне оваа сума, поранешниот тренер е еден од најголемите критичари на оваа редовна пракса, да им се даваат богати бонуси за голови на напаѓачи.

„Еднаш купив топ фудбалер, фантастичен фудбалер. Се беше договорено и на крајот побара бонус за постигнати голови. Беше напаѓач. Му реков, „Што мислиш, зошто те плаќаме 50.000 фунти неделно, да промашуваш?““ – раскажа во едно гостување Англичанецот и добро ги насмеа сите во студиото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ