Португалецот вели дека ако треба секој ден ќе зборува дека треба војните да запрат.
„Моите мисли се многу објективни и многу прагматични… сопрете ја војната. Оваа војна и сите други. Сопрете ги. И ако треба секој ден да го кажувам тоа, секој ден ќе го кажувам“, вели Мурињо.
„Не сакам да зборувам за политика. Се интересирам за политика, но не зборувам јавно за тоа. Како и да е, би велел секој ден да се сопрат сите војни“.
Рома со 1-0 го доби првиот меч против Витесе, па утре на Олмпико им одговара и реми за да се пласираат во четвртфиналето од Конференциската лига.
„Што се однесува до мечот, ние ќе се обидеме да победиме. Не размислуваме за реми или за било што друго. Ние сме фокусирани на натпреварот и сакаме да победиме. Знаеме дека реми ни е доволно, но нема да играме на нерешено. Сакаме победа“.






