Рома ќе игра против Бодо/Глимт во четвртфиналето од Конференциската лига. Жозе Мурињо кај норвешкиот претставник го имаше најголемото понижување во кариерата, па сигурно ќе сака одмазда.
Рома во групната фаза не го победи Бодо/Глимт ниту во Рим, таму натпреварот заврши 2-2.
Победникот од овој двобој во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Лестер и ПСВ Ајндховен.
Четвртфинале
Бодо/Глимт – Рома
Феенорд – Славија Прага
Марсеј – ПАОК
Лестер – ПСВ Ајндховен
Првите четвртфинални натпревари се играат на 7 април, реваншите се на 14 април.
Полуфинале
Лестер /ПСВ Ајндховен – Бодо/Глимт/Рома
Феенорд/Славија Прага – Марсеј/ПАОК
Првите полуфинални натпревари се играат на 28 април, реваншите се на 5 мај.






