недела, 21 декември 2025

Мурињо направи шоу и го прекина интервјуто на Роџерс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лестер синоќа ја пречека Рома во првиот меч од полуфиналето во Конференциска лига, пресметката заврши 1-1, па реваншот во Рим ќе го даде патникот во финалето.

Натпреварот во исто време беше и дуел на двајца добри пријатели, па по последниот свиреж на судијата, Жозе Мурињо направи шоу.

Додека Брендан Роџерс даваше интервју, „специјалниот“ влета во кадарот и рече: „Тој ми го подари најдоброто вино на пазарот“.

Тренерот на Лестер со насмевка на лицето одговори: „Ме чинеше многу“.

Моментот е на 1:09 од видеото:

Подоцна на својата средба со медиумите, Жозе Мурињо рече: „Ми го подари најдоброто шише португалско вино. Плаче бидејќи е навистина скапо. Но сакаше да ми го подари моето омилено португалско вино. Многу е тешко да го најдете, навистина не знам како успеал… знам колку и како платил“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ