вторник, 23 декември 2025

Мурињо им рекол на фудбалерите на Рома дека веќе нема да биде на клупата

Објавено на

часот

Сподели

Поради суспензија, Жозе Мурињо не го водеше тимот на Рома од клупата на последните два меча. На двата дуели неговиот тим победи.

По победата над Аталанта, тој на играчите на шала им рекол дека веќе нема да биде на клупата, бидејќи така победуваат.

„По натпреварот тој ни рече дека добро сме ја завршиле работата и дека нема да биде повторно на клупата бидејќи без него освоивме шест бодови“, открива дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.

Тој вели дека добил пофалби од Мурињо затоа што конечно не добил жолт картон за еден старт.

„Тој ме пофали бидејќи овојпат не добив жолт картон. Тоа не се случило долг период. За секој фаул што ќе го направев ми даваа жолт“.

Следниот натпревар на Рома е во четврток, на гостински терен кај Витесе во осминафинален натпревар од Конференциската лига, Мурињо сигурно ќе биде на клупата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ