среда, 24 декември 2025

Мурињо доби два натпревари суспензија, го навредувал судијата со „Калчополи“ и Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо ја дозна казната за инцидентот што го направи во финишот од натпреварот помеѓу Рома и Верона на „Олимпико“. Португалецот ќе паузира два натпревари и ќе плати парична глоба од 20.000 евра поради навреди на адреса на судијата Лука Паирето.

„Специјалниот“ правеше гестови и „телефонираше“ кон судијата, алудирајќи на „Калчополи“ скандалот, со оглед на тоа дека Лука Паирето е син на поранешниот судија Пјерлуиџи Паирето, кој беше инволвиран во скандалот од 2006 и често имал телефонски разговори со тогашниот директор на Јувентус, Лучано Моџи.

Според весникот Ла Стампа, Жозе Мурињо исто така викал кон судијата: „Намерно те пратија, Јувентус те прати“. Братот на Лука Паирето со години работи во Јувентус.

Помошникот на Жозе Мурињо, Луис Да Коста Нуно Сантош исто така доби два натпревари суспензија, додека пак фитнес тренерот Стефано Рапети доби еден натпревар суспензија и парична глоба од 5.000 евра

Казна заработи и спортскиот директор Тиаго Пинто, тој ќе биде суспендиран до 8. март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ