Жозе Мурињо во втроникот се врати „дома“, беше поздравен од навивачите на Интер, но нема да има убаво спомени од првото враќање на „Џузепе Меаца“, неговата Рома беше елиминирана од Купот на Италија.
„Нероаѕурите“ славеа со 2-0, Един Џеко го отвори резултатот веќе во 2. минута, за Алексис Санчез во второто полувреме да ги реши дилемите околу победникот.
Медиумите од Италија сега пренесуваат дека Жозе Мурињо жестоко ги критикувал своите фудбалери во соблекувалната.
„Сакам да знам зошто во првите 10 минути против Интер игравте како посрани?“ – се дерел Португалецот и неколку пати го повторил прашањето.
„Исто така, зошто и против Милан игравте како посрани 10 минути. Сите, без исклучоци“.
„Сакам да знам зошто се однесувате како мал тим против големите во последните две години. Доколку се однесувате како мал тим, судиите ќе ве третираат како таков. Интер е супер тим, но наместо да бидете екстра мотивирани, вие играте како посрани“.
„Најлошо за еден маж е да нема мад*ња и карактер. Дали се плашите од големи натпревари? Ако е така, одите и играјте во Серија Ц каде нема да има тимови со големи шампиони, нема големи стадиони, нема притисок од фудбал на највисоко ниво“.
„Вие сте луѓе без мад*ња, најлошто нешто за еден маж“.






