вторник, 23 декември 2025

Моќна Рома, убедлива победа над Лацио во римското дерби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Жозе Мурињо одигра страшно прво полувреме во кое го реши дербито против Лацио.
 
Натпреварот не можеше да тргне подобро, Абрахам погоди по само 56 секунди игра постигнувајќи го најбрзиот гол во историјата на римските дерби мечеви.
 
 
Во 22. минута Абрахам даде нов гол, овојпат погоди по асистенција од Карстдроп за предност на Рома од 2-0.
 
 
На пет минути до крајот на првото полувреме Пелегрини постигна фантастичен гол од слободен удар со кој ги постави конечните 3-0.
 
 
Второто полувреме очекувано беше потивко од првото. Рома ја бранеше високата предност, а Лацио јалово се обидуваше да се врати во игра.
 
И во една таква игра Абрахам можеше да постигне хет-трик, излезе сам пред голманот Стракоша, но беше непрецизен.
 
Со оваа победа Рома излезе пред Лацио на табелата, сега се на петтото место.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ