Рускиот возач победи на трката во првото коло на Европското првенство, а потоа ги изненади сите со нацистичкиот поздрав. Тој најпрво се удри во градите, а потоа го изведе контроверзниот гест.
Северјухин ја признава вината иако вели дека е нацист и немал намера тоа да го направи, нема објаснување за тоа што се случи и прифаќа казна.
„Направив гест што многумина го сфатија како нацистички поздрав. Но тоа не е така, јас не сум нацист, не го подржувам нацизмот. Се натпреварував под италијанска лиценца и победив под италијанско знаме. Момците пред да се качам на подиумот ми кажаа дека во Италија кога сакаш да се заблагодариш обичај е да се удриш во градите. Сакав да го направам тоа, и не можам да објаснам што се случи потоа, зошто ја кренав раката. Знам дека сум виновен, знам дека сум глупав, подготвен сум да бидам казнет“, изјави Северјухин.
И покрај извинувањето, рускиот возач веднаш беше отпуштен од шведскиот тим Ворд Рејсинг за кој возеше. ФИА го истражува инцидентот.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=dhvPBWw3aLU autoplay:0]






