Филип Миркуловски во голем стил ја заврши репрезентативната кариера откако даде значаен придонес во победата над Чешка која ни донесе нови Светско првенство.
Денеска Миркуловски беше примен од неговиот поранешен соиграч, а сегашен директор на АМС, Наумче Мојсовски.
„За ракометарот нема последна игра. Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај. Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти. Филип Миркуловски не можеше да има подобра последна игра. Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентацијата која испишува историја. Моја чест и задоволство е што денеска како директор на Агенција за млади и спорт, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес и афирмација на ракометот. Ти благодариме“, напиша Наумче Мојсовски.






