Македонските херои стигнаа во Скопје и веќе од утре ги почнуваат подготовките за последниот предизвик, последната пречка за пласман на Светско првенство, селекцијата на Португалија.
„Сѐ уште ништо немаме направено. Нѐ чека уште еден меч. Оваа победа во Италија е само еден мотив плус дека сме на вистинскиот пат да бидеме уште подобри во иднина. И секоја чест на сите што играа вчера. Момците се тие што се главни на теренот и задоволство е да работите со нив, иако после пет години повторно сме заедно, сега во еден поинаков момент, тие созреани и како личности, фудбалери, но уживам во секој момент со нив“, рече Милевски.
Селекторот на Портигалија, Фернандо Сантош рече дека Македонија треба да ја гледаат исто како Италија. Не смее да има ниту најмало потценување.
„Не им обраќам внимание на нивните изјавите, ниту сакам да бидеме арогантни. Ние сме мала земја, мала селекција во создавање и јас не сакам да бидеме арогантни. Нашата цел е да се приближиме до најдобрите, а сите овие резултати само покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Притисок секогаш постои и ќе постои, како и мотивот да се победи на секој меч без оглед на кој ни е противник, зашто во спротивно не би се занимавале со спорт. И фер и коректно е да се надевате на успех, без оглед со кого играте“.






