вторник, 23 декември 2025

Милевски: Против Италија да уживаме, да се надигруваме и да победиме!

Објавено на

часот

Сподели

Македонија за прв пат во својата историја ќе игра бараж за пласман на Светското првенство, следната недела „црвено-жолтите“ ги чека пресметка со Италија во Палермо.

„Се работи за еден натпревар, во кои ќе решаваат 90 минути или 120, или можеби пенали па неблагодарно е однапред да се планира резултат. Од фудбалерите само ќе барам да уживаат на овој натпревар, да покажат зошто сме тука, дека не е случајно што сме помеѓу 20-те најдобри селекции во Европа“ – вели селекторот Боби Милевски.

„Аѕурите“ се голем фаворит во дуелот, но Боби Милевски смета дека никој не смее да ја потценува Македонија.

„Би се израдувал ако не потценат, да не гледаат како лесен противник. Но овие момци покажаа дека се кадарни за големи нешта, покажаа дека имаат достоен квалитет за да бидат респектирани од гигантите.  Мислам дека никој не смее и не може да ја потцени Македонија“.

„Нема да одиме во Италија како туристи, туку да се надигруваме и победиме“.

„Овој тим не знае да игра дефанзивно, да биде пасивен. Тога го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите откако сум селектор. Интенцијата е да имаме доминација на терен и во играта, но секако не е исто дали играте со еден или друг противник, сега пред на е европскиот шампион. Друга тема е колку противникот ќе ни дозволи да играме“.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ