Аталанта и Фиорентина одиграа драматичен натпревар кој го добија виолетовите со гол во самиот финиш од регуларниот дел на мечот.
Фиорентина најави уште во деветата минута дека на Аталанта нема да и биде лесно, Пјонтек донесе водство за гостите од 1-0.
Но, Аталанта брзо се врати, Ѕапакоста во 30. минута го изедначи резултатот на 1-1, а Бога по десет минути игра во вториот дел погоди за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1.
Во 71. минута Пјонтек го израмни резултатот на 2-2, а осум минути подоцна Фиорентина остана со играч помалку откако Мартинез Куарта заработи втор жолт картон.
Веднаш потоа во игра влезе Миленковиќ, а во 93. минута токму тој даде гол за победа на Фиорентина од 3-2 и пласман во полуфиналето.
Фиорентина во полуфиналето ќе го чека победникот од мечот меѓу Јувентус и Сасуоло.






