Пред неколку дена, спортскиот директор Игли Таре ги откри трансфер плановите на Милан и една од желбите е ангажман на нов напаѓач.
Како што пренесува Спортмедиасет, Виктор Ѓокереш ги исполнува сите критериуми на „росонерите“, па клубот од Сан Сиро ќе се обиде да реализира трансфер бомба.
Но зделката е прилично комплицирана, цената на напаѓачот е 70 милиони евра, конкуренцијата е огромна (Арсенал и Манчестер јунајтед сериозно притискаат за потписот на Швеѓанецот), плус платата која ја нудат клубовите од Премиерлигата е достижна за Милан.
Но „росонерите“ очекуваат да инкасираат речиси 150 милиони евра од продажба на Тиџани Рајндерс, Малик Чао, Алваро Мората и Тео Ернандез, па Игли Таре ќе има свои адути.
Милан исто така ќе игра и на картата на престижот кој го носи „црвено-црниот“ дрес, како и тоа дека Виктор Ѓокереш ќе биде еден од носителите на играта и дел од фудбалерите околу кои ќе се гради новиот проект, кој за цел ќе има експресно враќање во Лигата на шампиони и атак на Скудетото.
Останува да се види што ќе се случи, покрај Виктор Ѓокереш, ќе биде опипан теренот и за уште неколку други напаѓачи како Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Матео Ретеги.
ФОТО: X/Sporting CP