Миланските екипи ги добиja дуелите со римските. Синоќа Интер ја совлада Рома, денеска Милан беше подобар од Лацио.
Резултатот го отвори Леао во 24. минута од натпреварот, Милан поведе со 1-0.
Потоа следуваа два гола на Оливие Жиру, најпрво по асистенција од Леао донесе водство во 41. минута од 2-0, а потоа по додавање на Тео Ернандез во судиското продолжение од првиот дел, зголеми и на 3-0.
Точка на мечот стави Френк Кеси со гол во 79. минута од натпреварот.
Милан против Интер ќе игра во едното полуфинале, а другото ќе биде познато утре кога ќе завршат дуелите меѓу Аталанта и Фиорентина, и Јувентус и Сасуоло.






