„Росонерите“ полека почнуваат да ги кројат плановите за следната сезона, целта е Стефано Пиоли на располагање да има уште поконкурентен состав.
Газета дело Спорт вели дека Милан е подготвен летоска да инвестира 100 милиони евра во засилувања, сумата може дополнително да се зголеми доколку биде освоено Скудетото.
Дефанзивецот Свен Ботман и фудбалерот од средниот ред Ренато Санчез се на врвот од листата со желби. На списокот се уште две имиња, напаѓачот Уго Екитике од Ремс како и офанзивецот на Тотнем, Стивен Бергвајн.






