петок, 26 декември 2025

Милан нуди 5 милиони евра за услугите на Енис Барди!

Објавено на

часот

Сподели

Енис Барди повторно се поврзува со трансфер, како што пренесува „Ел чирингито“, Македонецот е на радарот на клубови од Серија А.

Милан е најзагреан за потписот на Енис Барди, „росонерите“ се подготвени да платат 5 милиони евра за да го ангажираат фудбалерот од средниот ред до крајот на овој месец.

Торино исто така пројавува интерес за услугите на Енис Барди, кој е под договор до 30. јуни.

Останува да се види каков ќе биде потегот на Леванте, клубот од Валенсија има финансиски потешкотии и треба да продава фудбалери за да ги балансира сметките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ