Елиф Елмас ја игра најдобрата своја сезона во Наполи, а со тоа го привлекува вниманието и на останатите големи клубови.
По мечот меѓу Наполи и Милан, Малдини силно се заинтересирал за македонскиот фудбалер кој на тој дуел ја смени динамиката на играта и беше одличен и како офанзивен фудбалер од средниот ред и како високо крило.
Елмас може да игра на секоја позиција од средниот ред, Спалети го користи буквално секаде, таа разновидност на нашиот фудбалер го прави уште поатрактивен на трансфер пазарот.
Малдини се распрашал за цената на Елмас, му рекле дека таа не може да биде помала од 35 милиони евра.
За да ја намали таа сума, Милан е подготвен како дел од трансферот да го даде Анте Ребиќ кој игра променливо. Наполи ќе има потреба од крилен напаѓач поради заминувањето на Инсиње, а можеби и Мертенс, па росонерите веруваат дека Наполитанците може да загризаат за Ребиќ.
Но, се е во рацете на Наполи, не се исклучува можноста тие со Елмас да потпишат и нов, подобрен договор од актуелниот и да сакаат да го задржат уште долго време на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Актуелниот договор на Елмас со Наполи трае до јуни 2025 година и тој има годишна плата од 1,5 милиони евра.






