„Росонерите“ би можеле наскоро да добијат нови газди, како што пренесува Л’Екип, Милан е ставен на продажба.
Фондот Елиот веќе отворил преговори со Инвесткорп, фонд од Бахреин кој има портфолио вредно околу 40 милијарди долари.
Л’Екип исто така додава дека УЕФА под лупа ги има ставено Милан и Лил поради сомнеж дека исти луѓе/компании управуваат со двата клуба. Весникот ја образложува деталната сопственичка структура на двата клуба и верува дека има одредени преклопувања.
Милан и Лил имаат добра соработка на трансфер пазарот, на Сан Сиро пристигнаа Рафаел Леао и Мајк Мењан а летоска би можеле да се реализирата уште две зделки и трансфери на Свен Ботман и Ренато Санчез.






