Болоња синоќа одолеа на Милан, домаќините шутнаа дури 33 пати, но не успеаја да ја затресат мрежата на гостите.
Како што пренесува Газета дело Спорт, по крајот на натпреварот, Синиша Михајловиќ од болница им испратил порака на играчите.
Во видео разговор, Србинот им рекол: „Горд сум на вас. И знаете што? Да верувавте малку повеќе, можеби ќе победевте. Но добро е, среќен сум со бодот“.
Помошник тренерот Емилио Де Лео на средбата со новинарите рече: „Синиша разговараше со играчите по натпреварот, имавме видео врска и тој му честиташе на тимот. Сите беа навистина задоволни, додека тренерот беше горд и среќен. Вечерва му го стопливме срцето“.
„Ова се тешки времиња за нас. Михајловиќ побара од играчите да не се предаваат во ниту еден момент, исто како што тој не се предава во битката со болеста“.






