Киксот на Донарума против Реал Мадрид беше клучен момент за елиминацијата на ПСЖ. Отогаш работите се променија на теренот и кралскиот клуб победи.
Критики за Донарума стигнуваа и од Франција и од Италија, но Михајловиќ кој му беше тренер на Донарума во Милан, застана во одбрана на голманот.
Ги потсети Италијаните дека токму Донарума беше главниот играч на Италија за трофејот од Европското првенство, тој беше прогласен и за најдобар на турнирот, па без него Азурите веројатно немаше да стигнат до големиот трофеј.
„Не можам да кажам за таа спорна ситуација, дали беше фаул или не… тоа е една од оние сиви зони кога судијата добива слобода да донесе конечна одлука“, вели Михајловиќ.
„Мислам дека вие (новинарите) сте груби кон Донарума, мислам и на вас Италијаните, но и на Французите. Го терате да пати за се“.
„Разговарав со него и го советував да остане во Милан. Но тој одлучи да оди во ПСЖ. Ќе ве потсетам на нешто што веќе се заборави: Да не беше Донарума, Италија немаше да го освои Европското првенство, тој беше главен играч во репрезентацијата и добар дечко надвор од теренот“.






