сабота, 6 декември 2025

Мењан правеше чуда на голот, Милан слави во градското дерби против Интер (ВИДЕО)

Милан славеше на градското дерби против Интер со 0-1, Кристијан Пулишиќ погоди за победа, но херој е голманот Мајк Мењан, кој имаше неколку одлични интервенции а го одбрани и пеналот на Хакан Чалханоглу.

Објавено на

часот

Сподели

Интер загуби уште едно дерби оваа сезона, по Јувентус и Наполи, вечерва и Милан се радуваше против „нероаѕурите“.

Момците на Киву беа подобар противник, но Мајк Мењан не дозволи да биде совладан.

Голманот со брилијантна интервенција прво го спречи Турам, а потоа и Лаутаро Мартинез, за на крајот да му одбрани пенал на Хакан Чалханоглу.

Па така голот на Пулишиќ од 54. минута се покажа како доволен за три бода на „росонерите“, кои сега се на втората позиција, зад лидерот Рома.

ФОТО: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ