петок, 19 декември 2025

Мејсон Маунт е баксуз, загуби шест финалиња на Вембли во три години!

Објавено на

часот

Сподели

Кога Костантинос Цимикас погоди од белата точка, Мејсон Маунт сигурно се прашувал што погрешил толку за да го следи таков баксуз кога се во прашање финалињата на Вембли.

Во последните три години, Англичанецот загуби дури шест финалиња на овој легендарен стадион.

Во 2019, со Дерби загуби од Астон Вила во финалето од плеј-офот за влез во Премиерлигата, во 2020 како играч на Челси загуби од Арсенал во финалето на ФА Купот, за следната година да загуби уште едно финале во ФА Купот, овој пат од Лестер.

Истата година, во дресот на Англија, Мејсон Маунт загуби во финалето на Европското првенство против Италија.

Оваа година, во 2022, најпрво загуби од Ливерпул во финалето од Лига Купот, за вчера од истиот противник да доживее неуспех во финалето од ФА Купот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ