понеделник, 22 декември 2025

Медведев ќе оди на операција, Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата

Објавено на

часот

Сподели

Данил Медведев во загуби во првото коло на турнирот во Мајами од Хуберт Хуркач и пропушти да се врати на првото место на АТП Лигата.
 
Медведев имаше шанси да опстои на врвот и да направи разлика, но не е во најдобра форма во последно време, а денеска соопшти уште една вест која му оди во прилог на Ѓоковиќ. Русинот ќе мора да прави операција на кила.
 
„Здраво на сите. Последните месеци играм со мала хернија (кила). Заедно со мојот тим одлучив да отидам на мал зафат за да го решам проблемот. Ќе бидам надвор од теренот во следните месец – два и ќе работам напорно да се вратам на теренот наскоро. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Медведев.

 
Во меѓувреме Новак Ѓоковиќ ќе почне да ги игра турнирите на земја, сигурно ќе настапи во Монте Карло и ќе има можност да ја зголеми предноста над Медведев.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ