Откако голем број на извори од Италија пренесоа дека Мино Рајола починал, пристигна демант на ваквите написи.
Новинарот Арно Вермулен прв објави дека Мино Рајола е жив, а потоа во разговор со НОС, десната рака на агентот, Хозе Фортес Родригез го потврди истото и кратко порача: „Се наоаѓа во критична состојба, но не е починат“.
Слични информации потоа се појавија и во медиумите од Италија, добро упатен извор за Спортмедиасет потврдил дека Мино Рајола е жив и се наоѓа во болницата Сан Рафаеле во Милано.
Новинската агенција АНСА стапи во контакт со докторот Алберто Зангрило, кој изјави: „Бесен сум поради огромниот број на повици од новинари кои шпекулираат за животот на човек кој се бори да преживее“.






