четврток, 25 декември 2025

Мбапе: Луѓето зборуваат за мене, но јас секогаш ќе давам сè од себе за ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но покажа дека тоа нема никакво влијание на него. Беше убедливо најдобриот играч на теренот, беше најголема опасност кон голот на Куртоа, а на крајот постигна и гол за победа на ПСЖ.

Првото прашање по мечот беше за неговата иднина, дали овој меч ќе има влијание врз неговата одлука, тој рече:

„Не. Знам дека играм за еден од најдобрите тимови во светот. Ќе дадам се од себе за ПСЖ до крајот на сезоната. Не сум одлучил уште ништо за мојата иднина“, вели Мбапе.

„Среќни сме. Одигравме одличен натпревар, победата е многу важна. Ја одржавме брзината на мечот, работевме заедно, но ова е само еден натпревар. Треба да бидеме подготвени за реваншот“.

„Цело време бев подготвен за игра. Нормално е што луѓето зборуваат за мене. Но јас сум среќен како фудбалер на ПСЖ и ќе дадам се за да се квалификуваме во четвртфиналето“.

„Знаеме дека Реал Мадрид е еден од најдобрите во светот и ќе дадеме се од себе да се квалификуваме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ