ПСЖ со сите сили се труди да потпише нов договор со Мбапе, тој упорно одбива, дури се пишува дека веќе е договорен со Реал Мадрид.
Мбапе вчера и на свој грб ја почувствува големината на Реал Мадрид и виде како е да се игра на Сантијаго Бернабеу.
Се чини дека ако досега Мбапе имаше било какви дилеми дали ќе остане во ПСЖ уште некоја сезона или на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, веќе ги нема.
Овој перформанс на ПСЖ драстично ги намали нивните шанси да го убедат Мбапе да стави потпис на нов договор.
Во францускиот тим се потребни големи реформи, носење само ѕвезди не е методот кој носи сериозни трофеи, а Мбапе не би требало да остане и да чека подобри денови за ПСЖ.






