недела, 21 декември 2025

Марка ги откри деталите од договорот на Ридигер со Реал… плата, бонус за потпис и богата провизија

Објавено на

часот

Сподели

Антонио Ридигер ја одби понудата на Челси да остане во Лондон, па летоска ќе започне нова авантура и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Се очекува наскоро да пристигне официјална потврда, според пишувањата на Марка се пеглаат последните детали, како тоа дали соработката ќе биде на четири години или четири години плус опција за додатни 12 месеци.

Весникот исто така ги открива деталите од договорот и пренесува дека Антонио Ридигер ќе има нето плата од 9 милиони евра по сезона. Дефанзивецот исто така ќе добие и бонус за потпис од 8 милиони евра, а Реал Мадрид ќе издвои и додатни 15 милиони евра како провизија за агентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ