четврток, 25 декември 2025

Мане е голем човек: Додека бил во болница, платил за лекување на дете во животно загрижувачка состојба

Објавено на

часот

Сподели

На дуелот помеѓу Сенегал и Зеленортските острови во осминафиналето, Садио Мане доби силен удар во главата, мораше предвреме да го напушти теренот и беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Фудбалерот на Ливерпул додека ги чекал резултатите, дознал дека едно семејство нема пари за да го плати лекувањето на своето дете, кое имало сериозни повреди и било во животно загрижувачка состојба.

Садио Мане веднаш помогнал, и обезбедил средства за третманот.

„Семејството беше во паника бидејќи мотор удрило во нивното дете, кое имало скршеници и повреди по целото тело. Малку фалело детето да почине, а неговите родители немаа пари за лекување. Садио, кога ги виде, праша што се случува. Тие му објаснија, а тој ги обезбеди парите“ – вели сведок на настаните во болницата во Камерун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ