Роберто Манчини повика дури 33 фудбалери за баражот за СП 2022, па стратегот мораше да шкртне дури 10 имиња за пресметката на „Ренцо Барбера“.
Вечерва дуелот против Македонија од трибини ќе го следат Голини, Бираги, Бонучи, Луиз Фелипе, Локатели, Сенси, Белоти, Скамака, Заниоло и Закањи.
Роберто Манчини ќе се наслони на групата која триумфираше на Европското првенство, од 23-цата кои вечерва ќе бидат во протоколот, 16 настапија на континенталниот собир минатото лето.
Исто така, се говори дека Роберто Манчини има само една двоумица за дуелот со Македонија, односно кој ќе му биде партнер на Алесандро Бастони во централниот дел на одбраната, дали шанса да му даде на Џанлука Манчини или Франческо Ачерби.
Составот со кој се очекува Манчини да го започне дуелот против Македонија:
Италија (4-3-3): Донарума, Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон, Барела, Жиржињо, Верати, Берарди, Имобиле, Инсиње






