Португалскиот клуб доживеа вистински дебакл во првата осминафинална пресметка со Манчестер Сити. Момците на Пеп Гвардиола броеа до пет.
Серијата погодоци ја отвори Марез уште во седмата минута од натпреварот, а десет минути подоцна Бернардо Силва даде прекрасен гол за предност од 2-0.
Во 32. минута Фил Фоден постигна погодок и ги реши сите дилеми околу победникот на овој меч доколку воопшто ги имаше, а во 44. минута Силва со свој втор погодок му донесе предност на Сити од 4-0 пред крајот на првото полувреме.
По пет минути игра во второто полувреме Силва се израдува и на хет-трик, но голот му беше поништен поради офсајд.
Сепак англискиот тим дојде до петти гол откако Стерлинг реализираше во 58. минута.
Реваншот во Манчестер ќе биде само формалност.






