Дербито на Манчестер заврши со славје на Сити, избраниците на Пеп Гвардиола попладнево беа пресилни за локалниот ривал и славеа со 4-1.
Резултатот го отвори Де Брајне по само пет минути игра. Гостите се вратија во 22. минута, Санчо погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-1.
Сепак, Де Брајне во 28. минута искористи една неспретна интервенција на одбраната на Манчестер јунајтед и по втор пат го матираше Де Хеа.
Во продолжението од мечот, Манчестер Сити доминираше, целосно го надигра противникот, Марез најпрво зголеми на 3-1 во 68. минута, за во завршницата да ги постави конечните 4-1.
За тоа колку „ѓаволите“ беа во подредена улога во второто полувреме говори податокот дека не упатија ниту еден шут.






