четврток, 25 декември 2025

Манчестер јунајтед повторно разочара, испушти два бода против последниот Барнли (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ново разочарување за Манчестер јунајтед, откако минатата недела „ѓаволите“ беа елиминирани од второлигашот Мидлзбро во ФА Купот и покрај тоа што водеа на полувреме со 1-0, вечерва избраниците на Ралф Рангник испуштија два бода на гостувањето кај Барнли во Премиерлигата.

Гостите одиграа одлично во првото полувреме, поведоа со голот на Погба, постигнаа уште два гола кои беа понишитени, но потфрлија во продолжението.

Барнли се врати на стартот од вториот дел, Родригез погоди за 1-1 и потоа домаќините без многу проблеми избегнаа пораз. Манчестер јунајтед во вториот дел не упати ниту еден удар во рамките од голот на противникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ