недела, 18 мај 2025
Англичанецот вчера не можеше да поверува што му се случува

Малерозниот Кејн конечно се радува на првиот трофеј, Баерн стана шампион по киксот на Баер

Баер Леверкузен одигра само 2-2 на гостувањето кај Фрајбург и ги загуби сите шанси за одбрана на титулата, па Хари Кејн конечно ќе може да се радува на првиот трофеј во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен вчера не успеа сам да ја заврши работата, но „баварците“ веќе денеска се нов шампион на Германија.

Баер Леверкузен одигра само 2-2 на гостувањето кај Фрајбург и ги загуби сите шанси за одбрана на титулата.

Па Хари Кејн конечно ќе се радува на првиот трофеј во кариерата и ќе го скрши малерот, Англичанецот не може цел живот да биде баксуз.

Мајтапот со напаѓачот траеше и вчера откако Фудбалската федерација на Германија реши да направи исклучок од правиалта и да му дозволи на суспендираниот Хари Кејн да прослави со соиграчите доколку Баерн Минхен стане шампион.

Англичанецот од трибините се симна долу на теренот во финишот од мечот, но само за да посведочи како Поулсен погаѓа во 94. минута за 3-3 и го спречува шампионското славје.

Сепак, еден ден подоцна, Хари Кејн ќе може да прослави со соиграчите на улица во Минхен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ