петок, 26 декември 2025

Мала утеха за Левандовски, го победи Меси до признанието „Д Бест“ на ФИФА

Објавено на

часот

Сподели

Роберт Левандовски според многумина неоправдано ја загуби битката со Лео Меси за престижниот трофеј „Златна Топка“, но мала утеха за напаѓачот на Баерн Минхен пристигна вечерва.

Полјакот е фудбалер на годината во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски стигна до наградата „Д Бест“ пред Лео Меси и Мохамед Салах.

На церемонијата во Цирих, ФИФА додели уште неколку награди, Едуар Менди од Челси е избран за голман на годината, а предводникот на „сините“, Томас Тухел доби признание за тренер на годината.

Кристијано Роналдо доби специјално признание за голгетерскиот скор со репрезентацијата на Португалија.

Во женска конкуренција, Алеша Путељас од Барселона е најдобра во годината, Кристијане Едлер е најдобар голман, Ема Хејс е најдобар тренер а Кристин Синклер доби специјално признание.

Наградата за навивачите е доделена за фановите на Данска и Финска и нивната сплотеност кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Наградата за фер-плеј е доделена на фудбалерите, лекарскиот тим и тренерскиот персонал на Данска и нивната херојска реакција со која беше спасен животот на Кристијан Ериксен.

За наградите гласаа фановите, одбрана група новинари, капитените и селекторите на репрезентациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ