По поразот од Србија во Вождовац, избраниците на Драган Канатларовски запишаа уште еден неуспех, овојпат загубија од Фарските острови во Скопје.
Македонската репрезентација денеска одигра слаб натпревар, не создаде доволно шанси и на крајот заслужено го загуби мечот.
Клучниот момент се случи во 52. минута кога нашиот голман Денковски направи пенал, а Радосављевиќ даде гол од пенал кој на крајот се покажа како единствен на арената „Тодор Проески“ за победа на Фарските острови од 1-0.
Канатларовски со неколку замени се обиде да внесе живост во нашата игра, но ништо не одеше.
По осум одиграни меча Македонија е претпоследна со само шест освоени бодови, зад нас единствено е селекцијата на Ерменија.






