Поради воената операција на Русија во Украина, УЕФА го одложи баражот на „сино-жолтите“ против Шкотска за пласман на мундијалот во Катар.
Овој натпревар треба да се игра на 1. јуни, па за Украина да биде во топ форма, се преговара за одигрување пријателски натпревари. Една опција е дуел со Македонија.
„Во потрага сме на добри спаринг партнери, веруваме дека не треба да бидеме само учесници во баражот, туку да бидеме победници и да одиме на СП 2022“ – вели потпретседателот на Фудбалската федерација на Украина, Олег Протасов.
„Мораме соодветно да се подготвиме. Нашите момци се во добра форма и ние треба да им ги обезбедиме сите услови за да останат во добра форма“.
„Во моментов преговараме со неколку земји како Франција и Македонија, но подоцна ќе откриеме повеќе информации“.






