Денеска се одиграа полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, Силекс во финалето ќе го брани пехарот против Македонија Ѓорче Петров.
Во дуелот меѓу прволигашите кој се играше во Струга, Македонија Ѓорче Петров славеше по пенал серијата.
Во регуларниот тек од мечот немаше погодоци, а немаше ниту многу шанси на двете страни, по што се премина на изведуваше на пенали.
Македонија Ѓорче Петров беше перфектна од белата точка, а за Струга Трим Лум промашија Немања Босанчиќ во првата и Иван Галевски во четвртата серија.
Македонија Ѓорче Петров во финалето ќе игра против Силекс кој со гол на Каланоски во 36. минута славеше со 1-0 кај Пелистер.
Финалето од Купот на Македонија се игра на 20. мај на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.






