Мбапе кој долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид вечерва го „реши“ кралскиот клуб, му донесе победа на ПСЖ со една мајсторија во 94. минута од натпреварот.
ПСЖ напаѓаше речиси во текот на целиот натпревар, Реал Мадрид дојде во Париз за да се одбрани, но не издржа до крај.
Тактиката на Анчелоти беше дефанзивна, малку беа периодите во кои Реал Мадрид напаѓаше, гостите не создадоа ниту една шанса.
Од друга страна ПСЖ тргна офанзивно од самиот почеток, Мбапе беше убедливо најрасполежениот играч, тој ги имаше шансите, но Куртоа беше одличен.
Во 61. минута Мбапе беше соборен од Карвахал во шеснаесетникот на Реал Мадрид, судијата покажа пенал. Меси шутираше од белата точка, но Куртоа го одбрани неговиот удар.
Кога се очекуваше дека ќе нема голови на мечот, Мбапе изведе една фантастична соло акција и постигна гол за победа на ПСЖ од 1-0.
Заслужен триумф за парискиот клуб пред реваншот на Сантијаго Бернабеу.






