Мбапе се уште не донел одлука за својата иднина, веста дека тој се договорил со ПСЖ не е точна.
„Нема договор со ПСЖ или било кој друг клуб. Разговорите за иднината на Килијан продолжуваат со цел да се донесе најдобриот избор, со почит за сите страни“, изјави мајката на Фајза Мбапе, мајката на Килијан.
Опциите се две, продолжување на договорот со ПСЖ или заминување во Реал Мадрид.
Новиот договор со ПСЖ би бил краткорочен, на две години, а Мбапе ќе стане најплатениот фудбалер во светот. Тие пари нема да ги добие во Реал Мадрид, но тоа е клубот за кој сонува да игра.






