вторник, 23 декември 2025

Мајката на Мбапе бара астрономски бонус за потпис со Реал

Објавено на

часот

Сподели

По елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид во Лигата на шампиони, погласни се шпекулациите дека Килијан Мбапе ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“ и само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.

Новинарот Едуардо Инда вели дека преговорите наишле на мала препрека откако мајката на напаѓачот побарала астрономска сума како бонус за потпис на договорот.

„Мбапе ќе биде играч на Реал Мадрид но неговата мајка продолжува да игра цврсто и бара 150 милиони евра како бонус за потпис, сума која им ја нуди ПСЖ“ – открива Едуардо Инда.

Во послендо време ваквите бонуси станаа редовна практика, особено за играчите кои беспари прават трансфер, но никој не добил ваква сума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ